Последниот официјален натпревар Евертон на „Гудисон Парк“ го игра во недела од 13.00 часот против Саутемптон во претпоследното коло од оваа сезона во Премиерлигата. За таа посебна прилика, правилото кое важи 40 години ќе биде суспендирано на неколку часа. На последниот натпревар кој нивниот тим ќе го одигра на „Гудисон парк“, навивачите на Евертон ќе можат да пијат пиво на трибините. И тоа ќе биде прв пат од 1985 година да биде можно вакво нешто ...

Премиерлигашот Евертон ја доигрува последната сезона на својот легендарен дом „Гудисон Парк“ и веќе од новата сезона ќе се пресели на новиот, модерен стадион изграден во Ливерпул. Англискиот клуб вечерва го потврди името на својот нов дом, а барем почетните години тоа ќе биде „Хил Дикинсон“ и е одредено според спонзор кој ги откупил правата за името на новиот стадион. „Хил Дикинсон“ е позната компанија која нуди адвокатски и правни услуги и чие ...