Последниот официјален натпревар Евертон на „Гудисон Парк“ го игра во недела од 13.00 часот против Саутемптон во претпоследното коло од оваа сезона во Премиерлигата. За таа посебна прилика, правилото кое важи 40 години ќе биде суспендирано на неколку часа.
На последниот натпревар кој нивниот тим ќе го одигра на „Гудисон парк“, навивачите на Евертон ќе можат да пијат пиво на трибините.
И тоа ќе биде прв пат од 1985 година да биде можно вакво нешто на стадионите во Англија, каде што консумирањето алкохол на фудбалските арени е забрането веќе 40 години.
Но, оваа посебна прилика доведе до тоа, барем на неколку часа, ова правило, кое строго се почитува да биде суспендирано. Се разбира, постои едно очекувано ограничување. Навивачите ќе можат да се вратат на столчињата на трибините со алкохолни пијалоци дури по мечот, бидејќи е предвидено своевидно славје.
Навивачите ќе можат да купат пијалоци на самиот стадион, но и по желба во околните продавници од 14 часот и 45 минути кога и официјално ќе заврши натпреварот, бидејќи по натпреварот е планирана посебна церемонија наречена симболично „крајот на една ера“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА