Турскиот министер за транспорт, Абдулкадир Уралоглу, доби парична казна за пребрзо возење откако самиот објави видео од своето „летање“ на автопат. Уралоглу во неделата навечер на социјалната мрежа X сподели снимка на која се гледа како управува возило на автопатот Анкара–Нигде, додека во позадина се слушаат народни песни и говори на претседателот Реџеп Таип Ердоган. На видеото се забележува момент во кој автомобилот се движи со 225 километри ...

Уралоглу во неделата навечер на социјалната мрежа X сподели снимка на која се гледа како управува возило на автопатот Анкара–Нигде, додека во позадина се слушаат народни песни и говори на претседателот Реџеп Таип Ердоган. На видеото се забележува момент во кој автомобилот се движи со 225 километри на час, што е значително над дозволеното ограничување од 140 километри на час. Пораката што ја придружуваше снимката гласеше: „#ТурцијаЗабрзува“. ...