Англија до 15 минути пред крајот имаше негатива против ДР Конго, но потоа на сцена стапи Хари Кејн и го продолжи мундијалскиот сон на Англичаните. По почетниот притисок на англичаните следуваше студен туш од контра напад во 7. минута. Капитенот Шансел Мбемба нафрли од десно во шестнаесетникот, таму Џед Спенс со глава лошо ја процени топката, зад него налета Брајан Сипенга и со шут по земја веднаш до поблиската статива го матираше Џордан ...
ДР Конго водеше по првото полувреме, но капитенот блесна во финишот и донесе победа од 2:1 Англија со голем пресврт ја совлада ДР Конго со 2:1 и обезбеди пласман во осминафиналето, каде што ќе игра против Мексико. Херој на натпреварот беше Хари Кејн, кој со два погодоци во второто полувреме ја извлече својата репрезентација откако на паузата имаше негатива од 0:1. ДР Конго подобро го отвори натпреварот и со висок пресинг успеа да ја изненади ...
Натпреварот почна шокантно за Англичаните, Кипенга постигна гол за водство на Конго од 1-0 уште во седмата минута. Англичаните напаѓаа за да дојдат до израмнување, но не успеваа. На спротивната страна Конго се обидуваше преку контра напади да го загрози голот на Пикфорд. Многу лесно можеше да се случи да поведат и со 2-0, но ја погодија стативата. Англија израмни во 75. минута кога по асистенција на Гордон, Кејн биеше со глава за израмнување ...
Шест децении, Англија чекаше конечно да ја прекине непријатната традиција на Светските првенства. Во моментот кога ДР Конго поведе во седмата минута, Би-би-си спорт објави лоша информација што ги замрзна сите англиски навивачи: „Англија не победила во ниту еден од последните 13 натпревари на Светското првенство кога прва примила гол. Последниот пат кога го сториле тоа беше пред точно 60 години, во финалето во 1966 година против Германија.“ За ...

