Фудбалерите на актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен се пласираа во ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва ремизираа на реваншот против Баерн Минхен на „Алијанц арената“ 1-1. По феноменалниот натпревар одигран пред осум дена во Париз кој заврши со победа на „светците“ од 5-4, неверојатен старт имаше и овој дуел откако гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Усман Дембеле уште во 3. минута на асистенција на Квича ...

Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето. За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување. Во финалето на 30.мај во Будимпешта од 18 часот ќе играат Арсенал и ПСЖ. Фудбалерите на ПСЖ се ...

За разлика од првиот натпревар во кој имаше дури девет голови, денеска само двапати се тресеа противничките мрежи. Најзаслужен за тоа е Луис Енрике кој подготви одлична дефанзивна тактика за која Компани немаше одговор. Баерн Минхен тешко се снаоѓаше, тешко создаваше шанси, единствениот погодок го постигна пред самиот крај на мечот. ПСЖ поведе во третата минута кога по асистенција од Кварацхелија, Дембеле даде гол за водство од 1-0. Имаше и ...

Пари Сен Жермен-Арсенал! Тоа е битката со која ќе биде заокружена оваа сезона во Лигата на шампионите, битка во која „светците“ ќе го бркаат вториот трофеј во низа, додека „топчиите“ првата титула во елитната конкуренција. Францускиот тим на хартија ќе ја има улогата на благ фаворит, ситуација која за премиерлигашот е идеална или поточно тоа го тврди легендарниот Стивен Џерард кој знае како да освојува пехарот во ЛШ. -Знам повеќе од кој било ...