Вардар победи и на вториот контролен натпревар за време на подготовките во Норчија, Италија, овој пат против аматерскиот тим на регионот Валнерина со 4-1. „Вардарци“ целосно доминираа во првото полувреме кога настапи со првиот тим, поведувајќи со 4-0, со головите на Бабунски во 15. минута, Закариќ во 32. минута, Омерагиќ од пенал во 37. минута и Торес во 41.минута. Противниците во продолжението само го ублажија поразот, за конечни 4-1. ...

Фудбалерите на Вардар, актуелните македонски шампиони, за новата натпреварувачка сезона, моментно се подготвуваат во Норчиа, Италија. Покрај редовните тренинзи, скопските „црвено-црни“ ја темпираат формата и со одигрување на пријателски натпревари. Вардар денеска триумфираше со 4:1 во контролен меч против екипата на Валнерина. Стрелци на головите за Вардар беа Давид Бабунски, Горан Закариќ, Азер Омерагиќ и Јоакин Торрес. Стартниот состав на ...