Три месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ сѐ уште има угостителски објекти во Кочани кои работат спротивно на законските прописи и стандарди, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните. За ова алармираше в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски кој поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за узурпација на јавна површина и бесправна градба. На прес-конференција пред Обвинителството, Крстевски рече дека „на угостителите ...
Кривична пријава против угостители за узурпација и бесправна градба во трговскиот центар, во Кочани, поднесе в.д.градоначалникот, Венко Крстевски. Според Крстевски, по направените контроли утврдено е дека и Трговскиот центар, наликува на Пулс. Угостителските услуги се вршат во дивоградби и елаборатите не соодвествуваат со реалната слика. Се надева на брза реакција од Обвинителството, се со цел да не се случи уште една трагедија. „Како е можно да ...