Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски кој претстојува во работна посета на Франција, сподели дека во рамки на работната посета на Париз, имал продуктивна средба со Бенџамин Хадад, француски министер делегиран за Европа. За време на средбата тие разговарале за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија, актуелната политичка состојба во регионот и значењето на улогата на Македонија, како што вели ...
Скопје, 5 јуни 2025 (МИА) - Заедничко задоволство од континуираниот развој на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, со јасна определба за понатамошно продлабочување на соработката на политичко и економско ниво, било изразено на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со францускиот министер за Европа и надворешни работи на Француската Република, Жан-Ноел Баро. ...