СДСМ денеска обвини за, како што велат, сериозен сомнеж за криминал од огромни размери поврзан со најавениот проект за изградба на пругата на Коридорот 10, вреден 2 милијарди евра, што го промовираше премиерот Христијан Мицкоски. „Пред очите на јавноста се одвива уште еден ‘проект’ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра“, соопшти СДСМ, прашувајќи како е можно да се знае цената без физибилити ...

Скопје, 20.06.2025 СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за криминал од огромни размери што се подготвува од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред очите на јавноста се одвива уште еден „проект“ без план, без документација, без јасни рокови – но со веќе позната цена од 2 милијарди евра. За пругата на Коридорот 10, која ја најави Мицкоски, не постои ниту еден лист хартија, но веќе се знае колку ќе чини. Ако нема проект, ако нема студија, ако ...