ДУИ е последната партија што може да зборува за српско влијание. Тоа се луѓето кои го донесоа Отворен Балкан во Северна Македонија, проект кој му служеше на Вучиќ, го заобиколи Косово и се обиде српската доминација во регионот да ја продаде како економска соработка, велат од партијата Вреди, по денешниоте собир во Куманово во знак на поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ, организиран од здружението „Мир, слога, стабилност“. ...

ВЛЕН побара одговори од ДУИ и од поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи во врска со, како што велат, нивните врски со почесниот конзул на Србија, Владимир Стајиќ. „Колку повеќе ДУИ се обидува да зборува за српско влијание, толку повеќе на површина излегуваат нивните сопствени траги. Отворен Балкан, Охрид, Свети Наум, а сега и Владимир Стајиќ, почесниот конзул на Србија на официјалните приеми на Бујар Османи“, велат од ВЛЕН. ...