Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира дека Судскиот совет назначува вршители на должност претседатели на судови спротивно на Законот за судовите. Според граѓанската организација, Судскиот совет ја користи правната празнина во сопствениот закон за да именува в.д. претседатели без да бидат испочитани законските услови и без ограничување на нивниот мандат. Од Коалицијата посочуваат дека Законот за судовите јасно предвидува кој може да ...

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше за начинот на кој Судскиот совет, на денешната седница определи вршители на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје и на Основниот суд Струга. Во реакцијата се наведува оти Советот директно ги прекршил одредбите од членот 89 од Законот за судовите, кои наложуваат дека за в.д. претседател мора да се избере судијата кој е оценет со највисока позитивна оцена и има добиено најголем број ...