Џејдон Санчо блескаше во дресот на Борусија Дортмунд, но не успеа да ја повтори таа форма по трансферот во Манчестер Јунајтед. Англискиот фудбалер нема иднина на „Олд Трафорд“, сезонава е позајмен во Астон Вила, но се чини дека се приближува до враќање во редовите на бундеслигашот. Угледниот германски новинар Флоријан Плетенберг денеска објави дека Санчо преку своите агенти дал зелено светло за камбек во Борусија, односно клубот од Дортмунд е ...
Англискиот фудбалер Џејдон Санчо е пред трето враќање во Борусија Дортмунд. Името на англискиот напаѓач се споменува од страна на раководството на клубот со недели, а со оглед на тоа што неговиот договор со Манчестер Јунајтед истекува ова лето, тој би можел да пристигне без обештетување. Санчо играше за „црно-жолтите“ од 2017 до 2021 година, а потоа беше позајмен во втората половина од сезоната 2023/2024. Моментално е позајмен во Астон Вила. ...

