Пожарот на депонијата „Дрисла“ утринава сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето на овој пожар вчера интервенираа десет противпожарни возила, а беше направен и противпожарен појас за да не се дозволи огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Покрај овој пожар, активни се уште три други. Во Општините Липково и Гази Баба кај селата Никуштак и Булачани горат ...

На ден 10.09.2025 година, до 20:00 часот, на територијата на Р.С. Македонија има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои: • активни се 6 пожари, • под контрола се 2 пожари, • изгаснати се 16 пожари. АКТИВНИ: 6 1. Општина Липково: с. Никуштак и Општина Гази Баба: с. Булачани (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума) 2. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре) 3. Општина Струга 1: с. Татеши, с. Богојца, с. Маслодежда (борова шума) ...

Изминатото деноноќие биле изгаснати 23 пожари на отворен простор. Пожарот на депонијата „Дрисла“ утринава сè уште е активен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во гаснењето на овој пожар вчера интервенираа десет противпожарни возила, а беше направен и противпожарен појас за да не се дозволи огнот да тргне кон блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата. Покрај овој пожар, активни се уште три други. Во ...