Германскиот тенисер и треторангиран во светот, Александер Зверев, се пласираше во финалето на Отвореното првенство на Франција. Во полуфиналниот натпревар на „Ролан Гарос“, 29-годишникот го победи 27-миот на АТП листата, Чехот Јакуб Меншик, со 7-5, 6-2, 3-6, 6-3. Популарниот Саша стигна до финалето на „Ролан Гарос“ по втор пат во својата кариера (првиот пат беше во 2024 година), а тоа ќе му биде четврто гренслем финале. Тој сè уште нема ...
Зверев на Ролан Гарос направи уште еден голем чекор кон најголемата цел во кариерата, откако денес во Париз го совлада Јакуб Меншик и обезбеди место во машкото финале. Германецот, кој беше најискусниот преостанат играч во ждрепката, ја искористи шансата што му се отвори и сега е на само една победа од првата гренслем-титула. Зверев одигра сигурен меч против младиот Чех и со победата стигна до ново финале на турнир од Големата четворка. ...

