Со свеченото доделување на фестивалските награди и признанија, синоќа во Преспа беше затворено 24. издание на Интернационалниот театарски фестивал „Актер на Европа“, кој и оваа година обедини истакнати театарски уметници и ансамбли од повеќе европски земји, потврдувајќи ја својата мисија да биде простор на културен дијалог, уметничка слобода и меѓусебно разбирање. Во текот на фестивалските вечери публиката имаше можност да проследи селекција ...
Од 4 до 8 август, во Струмица, традиционално по 21. пат ќе се одржи интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Според овогодишното фестивалско мото „Со отворени очи“, независните филмски автори метафорично ја повикуваат публиката да гледа како животот тече како на филмска лента низ бројните приказни раскажани од различни краишта на светот. Физиономијата на фестивалот, кој е препознатлив не само во регионот туку и во меѓународната ...

