Владата најави договори со Обединетото кралство, еден за стратешко партнерство, кој има политичка димензија, и друг, таканаречен договор влада со влада, кој е кредитна рамка што ќе ѝ овозможи на Македонија да позајмува од Велика Британија до пет милијарди фунти (околу шест милијарди евра). Вицепремиерот Александар Николоски откри дека почетните контакти за стратешкото партнерство, ВМРО-ДПМНЕ ги направила уште додека била во опозиција. Јавноста, ...
Додека Владата најавува ново „стратешко партнерство“ со Велика Британија во висина до пет милијарди фунти, јавноста повторно е ставена пред свршен чин. Како и со унгарскиот кредит, информациите стигнуваат до граѓаните дури во завршната фаза од процесот, без јавна расправа, без консултации со стручната јавност и без јасни гаранции дека најавените инвестиции навистина ќе се реализираат. Економистот Бранимир Јовановиќ, кој живее и работи во ...