Ѓорѓи Дошев (21) е нов член на Брера. “Детето“ на Вардар кое во изминатиот период го носеше дресот на Македонија ЃП, направи трансфер во таборот на струмичкиот прволигаш. Станува збор за младински репрезентативец на Македонија до 21 година, игра во средниот ред, а има настапувано и селекциите на Македонија до 17 и 18 години. Секако дека со овој трансфер, ростерот на тимот на стратегот на струмичкиот тим, Мартин Алаѓозовски ќе добие ...
Прволигашот Брера Струмица продолжува со ангажирање на млади и перспективни фудбалери, а ново име во тимот е играчот од средниот ред Ѓорѓи Дошев, кој во струмичкиот клуб доаѓа од редовите на Македонија Ѓорче Петров. Станува збор за фудбалер од помладата генерација кој добива можност да се наметне во прволигашка конкуренција и да избори свое место во тимот. Во Брера веруваат дека со работа и континуитет Дошев може да напредува и да претставува ...

