Американскиот претседател, Доналд Трамп, има овластување да го отстрани претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, од оправдани причини, ако има доказ за тоа, изјави денеска економскиот советник на Белата куќа, Кевин Хесет, додавајќи дека Федералните резерви имаат многу да објаснат во врска со пречекорувањето на трошоците за реновирање на нивното седиште во Вашингтон. Хесет изјави за Еј-Би-Си Њуз дека секоја одлука на Трамп да се обиде ...

Како дел од неговата кампања да се ослободи од Џером Пауел, претседателот Доналд Трамп го обвини претседателот на Федералните резерви дека ја чинел земјата „стотици милијарди долари“ со тоа што не ги намалил каматните стапки. „Ги чиневте САД богатство и продолжувате да го правите тоа“, напиша Трамп во рачно напишана белешка до Пауел што ја објави на Truth Social минатиот месец. „Треба многу да ја намалите таа стапка. Се губат стотици милијарди ...