Навивачите на Арсенал, конечно, го дочекаа моментот што го сонуваа повеќе од две децении – титулата во Премиер лигата пристигна по пауза од 22 години. Избраниците на Микел Артета ја завршија сезоната на врвот со 85 бода, седум повеќе од Манчестер сити, а славењето веднаш се пресели на улиците на северен Лондон. Но, еуфоријата не остана само во Англија. Имено, во Најроби, илјадници навивачи излегоа на улиците и приредија спектакуларна прослава ...
Микел Артета конечно го дочека моментот за кој долго чекаше, односно го подигна толку посакуваниот трофеј од Премиер лигата за кој долго мечтаеше, но и чекаше. Артета немаше шанса да ја освои титулата во англиската елита како играч, но како предводник на Арсенал трипати завршуваше на второто место, пред да стигне до големото славје оваа сезона. По три втори места во низа, Арсенал конечно доби една битка со Манчестер Сити и испадна како ...

