Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во вторник побара од Врховниот суд да му дозволи да ја укине хуманитарната условна слобода за повеќе од 500.000 имигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела. Итната жалба бара од судот да го блокира налогот на понискиот суд со кој се потврди нивната правна заштита. Администрацијата на Трамп тврди дека одлуката се меша во авторитетот на Министерството за внатрешна безбедност. Налогот ...

Станува збор за посебна програма воведена од претходната Демократска администрација, предводена од Џо Бајден, која им овозможи на граѓаните од овие четири држави да останат во САД легално најпрвин две години, поради сериозната состојба со човековите права во нивните татковини. Иако администрацијата на Трамп планираше да ја укине програмата на 24 април, федерален судија во Бостон ја стопираше одлуката на 14 април, повикувајќи се на тоа дека ...