Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98 се намалуваат за половина денар по литар, додека цената на дизелот и екстра лесното масло останува непроменета. Намалување има и кај мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според новата одлука, што стапува на сила од 22 јули 2025 година, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,42% во однос на претходната одлука. ...

По последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика со која бензините поевтинија за половина денар бележиме најмала разлика меѓу цените на бензинот и дизелот во последните година дена. Во моментов литар бензин чини 75 денари додека дизелот се продава за 71,5 денари за литар. Тоа значи дека разликата меѓу двата нафтени деривати во малопродажба во моментов изнесува 3,5 денари. На почетокот на октомври во 2023 година, цената на бензинот ...