На денешен ден во музичката историја, Џони Кеш (Johnny Cash) одржа два легендарни концерти пред околу 2000 затвореници во затворот Фолсом (Folsom Prison) во Калифорнија, настапи што ќе бидат засекогаш запаметени и документирани на еден од највлијателните живи албуми на сите времиња, At Folsom Prison. Во средината на 1960-тите, кариерата на Кеш се наоѓала во сериозна криза. Продажбата на плочи опаѓала, публиката се намалувала, а музичката ...
На 13 јануари 1991 година објавен е „Низводно“, легендарниот деби-албум на гевгелиската рок група Зијан, издание што денес се смета за едно од најавтентичните сведоштва за спојот на рок-музиката и македонскиот фолклор од крајот на 20 век. Иако бендот постои и активно делува уште од доцните 1970-ти години, на Зијан им беа потребни над 10 години музичко созревање за да го објават својот прв официјален албум. „Низводно“ излегува во турбулентната ...

