Унгарија, вчера, на свечена церемонија прими два нови суперсонични борбени авиони JAS 39 Gripen C од шведскиот производител „Сааб“, што претставува прва испорака како дел од договорот потпишан во 2024 година за набавка на вкупно четири вакви авиони, пишува „Дифенс Пост“ (The Defense Post). Новите авиони ќе бидат стационирани во воздухопловната база Кечкемет во јужна Унгарија, каде што ќе служат за брз одговор на повреди на воздушниот простор ...
Португалски борбени авиони „Ф-16“ пресретнаа руски транспортен авион „Ан-12“ и борбени авиони „Су-35“ над Балтичкото Море. Пресретнувањето се случи како дел од мисијата на НАТО за надзор на воздушниот простор за 2026 година, објави Командата на сојузничките воздухопловни сили, пишува украинскиот воен портал „Милитарни“. Португалските авиони што учествуваат во мисијата се стационирани во воздухопловната база Амари во Естонија. Од 1 април, ...

