Денеска од 14:30 часот се играат сите осум средби од 20.коло во Втората лига. Нема класично дерби, но затоа неколку мечеви се издвојуваат според важноста во поглед на горниот дел на табелата. Брегалница дома игра со Саса и мора, ама баш мора штипските “сини“ да дојдат до трите бода. Само со победа ќе бидат во “игра“ за тоа прво место кое води директно во елитата. Лидерот, тимот на Охрид има тешко гостување кај Кожув во Гевгелија а ...
Попладнево се одиграа сите осум средби од 20.коло во ВМФЛ. Според очекувањата, сите водечки екипи победија, па така и натаму неизвесноста е на сцена во поглед на горниот дел на табелата а Охрид и натаму е лидер. Токму Охрид со 0:1 славеше кај Кожув на едно тешко гостување во Гевгелија, големи три бода за лидерот. Шкендија Арачиново како домаќин го “скрши“ Детонит со 1:0 па така и натаму е со -1 бод во однос на лидерот на табелата. Очекувано ...

