Фудбалерите на Реал Мадрид денеска од 21.00 часот ќе бидат домаќини на Манчестер сити во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. Шпанските и англиските гиганти повторно ќе се судрат во нокаут фазата, во дуел кој стана едно од најголемите ривалства во европскиот клупски фудбал во последните години. Двата тима се сретнаа четири пати во нокаут фазата на елитното натпреварување од 2020 година, а двата клуба се пласираа ...

Со одигрувањето на синоќешните дуели од 14.коло од А групата заврши групната фаза од Лигата на шампиони во ракомет. Бундеслигашот Фуксе Берлин загуби на домашен терен од Нант со 34:37, а со овој триумф француската екипа се проби на четвртото место на табелата. Двете првопласирани екипи од групите изборија директен пласман во четвртфиналето, а тоа се: Фуксе Берлин, Алборг, Барселона и Магдебург. Резултати од 14.коло група А: Колштад – Киелце ...