СВР Скопје врз основа на снимениот и документиран материјал најави дека ќе преземе мерки во координација со надлежен јавен обвинител, по синоќешните изливи на национализам на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје за време на мечот меѓу Шкендија и Карабах во 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите. И покрај сите апели, навивачите на Шкендија во текот на целиот меч извикуваа националистички пароли за „Голема Албанија“, „Илирида“… ...
Хелсиншкиот комитет за човекови права објави соопштение во кое изрази сериозна загриженост и го осуди националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Карабах, кој се одигра синоќа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. „И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините се слушнаа повици за „Голема Албанија“, „Чамерија“ и „Илирида“ пораки кои се далеку од ...