Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска сподели дека денеска во Паркот на шахот во Кисела Вода, преку симултанка на отворено заедно со Шаховската Академија „Данчевски“, го одбележале 20 Јули – Меѓународниот ден на шахот и 102-годишнината од основањето на Светската шаховска федерација (ФИДЕ). „Беше вистинско задоволство да се види како граѓаните имаа уникатна можност да ги одмерат силите со врвните млади шахисти – ...

Предизвикот да се матираат докажаните шаховски мајстори денеска ги привлече љубителите на оваа игра во Паркот на шахот во Кисела Вода. Со шаховска симултанка на отворено, во организација на Шаховската Академија „Данчевски“, граѓаните го одбележаа 20 Јули – Меѓународниот ден на шахот. Присутните имаа уникатна можност да ги одмерат силите со врвните млади шахисти од Академијата: Олег Русевски, Кристијан Јордановски, Даниел Стефаноски и Дамјан ...