Приватните градинки обединети во Асоцијацијата „Полет“ предлагаат државата со по 250 евра месечно да го субвенционира престојот на деца, кои тие ги згрижуваат. Овој износ е помал од државните субвенции што ги добиваат јавните градинки, кои кубурат и со места и со кадри. Реализацијата на овој предлог, би чинела 3.780.000 евра за згрижување на нешто повеќе од 1200 дечиња. „Јас не познавам родител кој не фатил врски за да го запише детето во која ...
Од сите општини во државата, во 68 општини се нуди некоја од формите за предучилишно згрижување, воспитание и образование. Општина Аеродорм предничи на листата на општини на територијата на Град Скопје, каде што е најголем бројот на деца кои чекаат за упис во некоја од градинките. Покрај Аеродром, проблемот е особено изразен и во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Гази Баба, Карпош и Сарај. Надвор од Скопје, листите на чекање за упис се најдолги во ...