Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Н.Е. Кристоф Зомер. Разговаравме за досегашната одлична соработка меѓу нашите две земји и за можностите таа дополнително да се продлабочи преку нови заеднички проекти и иницијативи, рече Тошковски. „Посебно внимание посветивме на партнерството во областа на миграцијата, каде што континуираните работни дијалози и ...

Денеска (30.01.2026) во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба меѓу министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Зомер. На средбата беше изразено заедничко задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји, при што беше оценето дека билатералните односи во областа на внатрешните работи се развиваат во континуитет, врз основа на ...