Обединети преку музиката за добротворна цел – ве покануваме на хуманитарен концерт на FAME’S Institute и светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, во поддршка на фамилиите на жртвите и повредените од трагичниот пожар во ноќен клуб во Кочани – трагедија која ја потресе Македонија, регионот и светот. Македонска Филхармонија – мала сала, 29 април 2025 година, почеток 20:00 часот. УНИКАТНА ВЕЧЕР НА КЛАСИЧНА МУЗИКА, ХУМАНОСТ И ИСКРЕНА СОЛИДАРНОСТ ...
На 29 април од 20 часот, во камерната сала на Филхармонијата, ќе се одржи хуманитарен концерт на институтот „Фејмс“, на кој ќе гостува српскиот виолинист Роман Симовиќ (фото). Средствата од продадените билети ќе бидат донирани за фондот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На концертот, ќе се свират дела од Бетовен, концерт за виолина и Симфонијата бр. 7. Оркестарот на „Фејмс“ е составен ...