Во 7-та недела од 2025 година, во општина Штип пријавени се 184 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 115 лица се на возраст од 15-64 години, 31 лице се кај деца на возраст од 5-14 години, 24 заболени лица се пријавени во возрасната група над 65 години, и 14 лица во возрасната група од 0-4 години. Почнувајќи од 40 недела, заклучно со 7 недела од 2025 година, во општина Штип ...
Во текот на седмата недела од 2025 година во државата се пријавени 2726 случаи на групни пријави за заболени од грип или заболувања слични на грип што е за 5,3% помалку во споредба со претходната недела. Споредбено со истиот период минатата година бројот е зголемен за 97%. Оваа недела како и претходната недела имаме намалување споредбено со неделата претходно, но во однос на неделата со минатата сезона имаме драстично зголемување на бројката. ...