Безбедносната состојба во земјава е стабилна, но на економски план можни се притисоци врз цената на нафтата и гасот. Премиерот Мицкоски вели дека секојдневно се прават анализи за случувањата на Блискиот Исток и ако има значително поскапување на енергенсите – Владата ќе интервенира. Се разгледуваат опциите да се намали ДДВ-то од 18 на 10 отсто при увоз на деривати, како и намалување до 4 денари на акцизата кај горивата. - Можеби со тек на ...
Безбедноста во Македонија е стабилна и во моментов нема закана од воените активности што се одвиваат на Блискиот Исток, изјави премиерот Христијан Мицкоски. На шестиот ден од вооружените судири меѓу Иран, САД и Израел, како и државите од Персискиот Залив каде што САД имаат воени бази, нашите разузнавачки служби не очекуваат проширување на конфликтот на Западен Балкан. -Што се однесува до безбедносната состојба во државата, таа е стабилна и ...
Штип, 5 март 2026 (МИА) - Безбедносната состојба во земјата е стабилна, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски кој беше во посета на компанијара „Актив“ во Штип. - Безбедносната состојба во државата е стабилна, мирна. До овој момент не постои ризик по безбедносната состојба во државата. Ние имавме Совет за безбедност, кој го организираше претседателката врз основа на информациите коишто ги добивме и од службите, но и од соодветните ...

