Маршот тргна од „Паркот на револуцијата“ во центарот на градот, помина покрај полициската станица, судот и обвинителството. Поворката во молк и тишина ја предводеа роднини на загинатите кои на градите носеа нивни фотографии. Беше побарана неселективна правда и подобри услови за лекување на повредените Денеска во Кочани се одржа шестиот по ред протестен „Марш на ангелите“ со кој се одбележаа два месеци од страотниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“ – ...

„Нема трагедија, има злосторство“, „Не беа жртви на пожар, беа жртви на системот“, „Затворени очи, отворени гробови“, со вакви транспаренти и со слики од младите жртви во Кочани вчера нивни роднини и пријатели беа дел од „Маршот на ангелите“ кој се одржа во Кочани, пренесува агенцијата Мета.мк. Тие маршираа од „Паркот на револуцијата“ до судот и Обвинителството во Кочани, а побараа неселективна правда и подобри услови за лекување на повредените ...

„Системот убива – институциите молчат“ беше мотото на денешниот, шести протестен „Марш за ангелите“ во Кочани што го организираа семејствата на починатите во пожарот во клубот „Пулс“. Со денешниот марш се одбележаа два месеци од страотниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“- трагедија која однесе 62 животи. Маршот започна во 16 часот и 5 минути, а поворката во молк и тишина ја предводеа роднини на загинатите кои на градите носеа нивни фотографии. ...