За привремената општинска барака, за чија изградба, Јакимовски доби правосилна едногодишна затворска казна, еден од клучните докази дека станува збор за дивоградба односно за бесправно градење е барањето за легализација, за кое одбраната на поранешниот градоначалник на Карпош тврди дека е фалсификат. Вештакот на обвинителството утврдил дека објектите изградени во училишен двор се монтажни објекти за сместување на општинска администрација, ...

Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје издаде упатен акт со кој осудениот Стевчо Јакимовски е упатен на издржување на затворска казна во траење од една година. Според издадениот акт, осудениот има обврска да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, каде ќе започне со издржување на изречената казна. Со оваа одлука се активира постапката за спроведување на правосилната пресуда, со која на лицето му е изречена ...

Со оглед дека во едногодишната казна се пресметуваат околу пет месеци поминати во куќен притвор, на Јакимовски му остануваат за издржување уште околу седум месеци затворска казна во Казнено-поправната установа во Шуто Оризари Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули годинава треба да се јави во затворот во Шутка на издржување на едногодишната казна затвор, информираа денеска од Основниот кривичен суд. Оттаму ...