Годинешниот лауреат на наградата „Златна камера 300“ за особен придонес во светската кинематографија, Семих Капланоглу, денеска одржа мастерклас во киното „Манаки“ во Битола. Зборуваше и за неговото детство и родителите, за почетоците во неговата кариера, како и за искуствата со снимањата на филмовите на кои работел. Разговорот со него го водеше филмскиот критичар Благоја Куновски Доре. Турскиот кинематографер Капланоглу пред присутните кажа ...
Битола, 21 септември 2025 (МИА) - Светски познатиот автор, сценарист-режисер и продуцент од Турција, годинешен добитник на наградата Специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност, Семи Капланоглу, одржа мастер клас и прес конференција на кои презентираше дел од својата богата кариера. Во фестивалскиот прес центар Капланоглу истакна дека за секој режисер посебно е важна работата со младите кинематографери како ...