Португалската Национална гарда (GNR) денес соопшти дека уапсила Французинка осомничена дека ги напуштила своите две малолетни деца, кои биле пронајдени како одат сами по патот претходно оваа недела во мал град во јужна Португалија. Националната гарда соопшти дека уапсила жена (41) и маж (55) во градот Фатина, додавајќи дека двајцата се осомничени дека ги напуштиле двете деца. Мајката беше под истрага од страна на судот во Грандола за кривични ...
Случај што ја шокираше Европа се случил во Португалија, каде 41-годишна Французинка е осомничена дека ги оставила своите две мали деца сами во шума, по бизарна и вознемирувачка „игра“. Според истрагата, жената ги одвела момчињата на возраст од три и пет години во изолирано шумско подрачје кај Алкасер до Сал. Децата подоцна раскажале дека возрасните им ги врзале очите и им рекле да бараат играчка, по што биле оставени сами во шумата. Малечките ...

