Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа имаше успешен старт на Челинџерот во Мадрид. Денеска во меч од 1/16 финалето, македонската тенисерка успеа да ја победи Сара Саито од Јапонија со 2:0 во сетови. Се чини дека ова беше лесна победа без многу проблеми на Ѓорческа и пласман во следната фаза, поточно во осминафиналето на турнирот во шпанската престолнина. И во двата сета Лина Ѓорческа славеше со по 6:4 во гемови во меч кој траеше околу час ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, обезбеди пласман во четвртфиналето на челинџер турнирот во Мадрид, откако нејзината противничка Алина Корнеева беше принудена да се повлече на стартот од вториот сет. Иако руската тенисерка важеше за фаворит во пресрет на дуелот и тоа го потврди со освоениот прв сет (6-3), текот на мечот се промени во продолжението. Ѓорческа одлично го отвори вториот сет, направи брејк и поведе со 1-0, по што ...

