Португалија во Леирија ја пречека и ја совлада Нигерија со 2:1 во последната проверка пред почетокот на Светското првенство. Домашната селекција поведе во 23-тата минута со голот на Педро Нето. Во 37-мата минута Акор Адамс погоди за Нигерија и израмни на 1:1, а победата за Португалците ја обезбеди Франциско Консеисао со гол во 75-тата минута. По натпреварот, во Португалија најмногу се зборува за неверојатните промашувања на Кристијано ...

Во Португалија, алармот се вклучува пред Светското првенство – Кристијано Роналдо не личеше на себе на натпреварот против Нигерија, а низата неуспеси отворија сериозни прашања за неговата форма. Кристијано Роналдо се најде на удар пред почетокот на Светското првенство – грешките против Нигерија предизвикаа бран коментари и сериозна загриженост во Португалија. На тестот против Нигерија, Португалија победи со 2:1, но сенка на победата фрли ...

И дефинитивно селекторот на Португалија мора да одлучи. Дали сака неговиот супер тим да дојде до нешто големо на ова СП или не сака. Ако сака, тогаш мора да го “седне“ на клупа Кристијано Роналдо. Во спротивно ризикува катастрофа. Тоа сите го знаат, најмногу тој, но ајде нека се најде јунак да му каже на Кристијано дека токму тој е најголемиот проблем во селекцијта на Португалија. Славниот Кристијано буквално едвај го издржа првото полувреме ...