Во периодот 2020–2023 година се евидентирани 6.282 нови жртви на семејно насилство – тренд што расте, а институциите не одговараат со соодветно темпо. Од 52 мерки предвидени со Акцискиот план за имплементација на Конвенцијата реализирани се само 22, додека 30 се нецелосни или воопшто не се започнати. Ревизорите предупредуваат и на празнина во политики: по 2023 година недостасува нова Национална стратегија, како и дел од подзаконските акти ...

Државниот завод за ревизија утврди дека системот за заштита и поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство е недоволен и нефункционален. Во извештајот се наведува дека од 52 активности предвидени со Акцискиот план, само 22 се реализирани целосно, а останатите се делумно или воопшто не се спроведени. Недонесувањето нова Национална стратегија по 2023 година дополнително ја ослабува борбата против насилството. Ревизорите посочуваат и ...

Државниот завод за ревизија констатира дека мерките и активностите за заштита на жените-жртви на родово базирано и семејно насилство не се доволно ефективни за превенција, поддршка, заштита и целосна реинтеграција на жртвите. Центрите за социјална работа се соочуваат со недостиг на кадар, а дел од нив не ги исполнуваат условите за обезбедување ефикасна заштита на жртвите. Системот за заштита на жените-жртви на семејно насилство е сè уште ...