Екипата на Кристал Палас се „чекираше“ во полуфиналето на Конференциската лига, и покрај минималниот пораз од Фиорентина (2-1) во четвртфиналниот реванш одигран во Италија. „Виолетовите“ ја остварија победата со головите на Алберт Гудмундсон и Шер Ндур, а погодокот за Палас го постигна Исмаила Сар во 17. минута. За премиерлигашот беше повеќе од доволна залихата од првиот натпревар во Лондон, каде славеа со сигурни 3-0. Близу до сензација беше ...

Францускиот тим на Стразбур направи подвиг откако со 4:0 славеше над Мајнц во реванш дуелот од четвртфиналето во Конференциската лига на УЕФА. На првиот меч Стразбур на гостувањето во Германија загуби со 2:0 и едноставно сега покажа дека има квалитет да надокнади сериозно заостанување против еден бундеслигаш. Стразбур водеше со 2:0 на полувреме, потоа промаши пенал во вториот дел, но и тоа не ги „скрши“ туку домаќините продолжија да напаѓаат ...