„Од пет во една“. На македонската политичка сцена ќе се роди нови субјект. Од ВЛЕН потврдија дека утре почнува трансформацијата на коалицијата којашто ќе прерасне во една партија. На утрешниот Конгрес на обединување се очекува присуство на околу 850 делегати, кои ќе треба формално да го потврдат обединувањето на петте политички ентитети во една структура. Според најавите, копретседатели на новата политичка партија ќе бидат Изет Меџити и Биљал ...

„Арбен Таравари увиде дека ВМРО-ДПМНЕ е во еуфорија и дека нема почит кон никого. Ниту, пак, ги интересира ЕУ и исполнувањето на договореното со албанските партнери. Затоа и рече дека е подобро да бидеш во опозиција отколку „кукла“ во Владата“, вели екс-пратеникот Зуди Џелили за утрешното обединување на коалицијата ВЛЕН во партија и обвинувањата од партиите од албанскиот блок во земјава. Џелили оценува дека ВЛЕН е само „декор“ во Владата и ...

Адвокатот Шкодран Алили, кој на последните локални избори беше независен кандидат за градоначалник на Кичево, присуствуваше на вчерашниот Конгрес за трансформација на коалицијата ВЛЕН во единствена политичка партија, во чии редови немаше место за се уште актуелниот министер Фатмир Лимани. Независниот кандидат за градоначалник на Кичево на ланските локални избори, адвокатот Шкодран Алили, присуствуваше на вчерашниот Конгрес за обединување ...