Само неколку дена по објавувањето на долгоочекуваните концерти на контроверзниот американски рапер Је, попознат како Канје Вест, во Русија, се чини дека настапите ќе бидат откажани. Управата на стадионот во Санкт Петербург, каде требаше да се одржат двата концерта на Канје Вест, сега соопшти дека концертите нема да се одржат на местото, иако промотoрот нагласи дека тие не се откажани, пренесуваат странските медиуми. „Газпром арена“ претходно ...

Планираните настапи на контроверзниот американски рапер Канје Вест во Санкт Петербург се најдоа под голем прашалник откако раководството на стадионот „Газпром Арена“ објави дека нема да бидат домаќини на неговите концерти. Вест, требаше да настапи во Русија на 10 и 11 октомври, а концертите беа распродадени, според организаторите. Неговиот можен настап би бил првиот голем концерт на западен уметник во Русија од почетокот на инвазијата на ...