Флоријан Вирц веќе стави до знаење дека летово ќе си замине од Баер Леверкузен, а фудбалскиот генијалец нема да биде единствениот што ќе ги напушти „фармацевтите“ во текот на летниот преоден рок. Германските медиуми најавуваат дека уште најмалку тројца првотимци летово ќе си заминат од Баер, згора на тоа веќе е извесно и напуштањето на клупата на Чаби Алонсо, па јасно е дека „фармацевтите“ ги очекува сериозен ремонт на играчкиот кадар во текот ...

Леверкузен, 8 мај 2025 (МИА) - Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, ги подгреа шпекулациите за трансфер во Баерн Минхен. -Дефинитивно сум привлечен од идејата да ја напуштам мојата зона на удобност во одреден момент и да доживеам нешто ново. Доволно добро ги познавам фудбалските соблекувални и сигурен сум дека брзо би можел да се снајдам насекаде, изјави 22-годишниот плејмејкер за „Спортс илустрејтед“. Вирц нагласи дека има големо ...