Водечките екипи во Втора фудбалска лига на Македонија победија во 28 коло, па нема никаква разлика во однос на борбата за влез во елитното фудбалско друштво. Македонија ЃП минимално со 1:0 победи на гости кај Вардар Неготино, додека Арсими беше убедлив против испаднатиот Борец и славеше со 4:2. Мечот кој е во фокусот на ова коло се одигра меѓу Кожуф Гевгелија и Башкими. Домаќините водеа на полувремето со 1:0, а на крајот гостите од Куманово ...

Скандалозен момент во македонскиот фудбал во режија на фудбалерите на гевгелискиот тим, Кожуф. Буквално го почастија Башкими со погодок за победа. Башкими води голема битка за влез во Првата лига. Кумановскиот тим денеска дојде до лесна победа иако таа беше изборена во 94. минута. Фудбалерите на домашниот тим, вклучително и голманот, буквално стоеа и му дозволија на напаѓачот на Башкими, Христијан Митревски да постигне гол за важни три бода. ...