Францускиот напаѓач Уго Екитике (23) е нов играч на Ливерпул, потврди клубот од Енфилд. Екитике пристигна од Ајнтрахт Франкфурт, а според информациите, трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, вреди околу 95 милиони евра. Младиот напаѓач потпиша шестгодишен договор со „Црвените“ и од него се очекува многу во следната сезона. Екитике има 23 години и долго време се смета за еден од најталентираните напаѓачи во Европа, а Франкфурт го донесе во ...
Напаѓачите на Ливерпул, Дарвин Нуњез и Луис Дијаз, не се во составот за пријателскиот натпревар со Милан и веќе и дефинитивно ќе го напуштат клубот ова лето. Колумбиецот Луис Дијаз најверојатно оди во Баерн, додека не е познато каде ќе заврши Уругваецот Дарвин. 26-годишниот напаѓач Дарвин Нуњез, пристигна во Ливерпул пред три години од Бенфика во трансфер вреден 85 милиони евра. Не беше толку ефикасен како што се очекуваше и постигна 40 гола за ...
Александер Исак од Њукасл е најголемата желба на Ливерпул ова лето, но за реализација на овој трансфер, раководството на Црвените ќе мора да потроши вистинско богатство. Вредноста на шведскиот репрезентативец се проценува на 120 милиони евра, но таа сума нема да биде доволна за негов ангажман. Њукасл посакува да добие 150 милиони фунти, односно 172 милиони евра, а вредноста на трансферот ќе достигне и многу повисока цена. Ако се пресметаат и ...