Ракометарите на Е. Пелистер ги очекува последниот натпревар од Лигата на шампионите во која и оваа година не успеаја да обезбедат место во следната елиминациска фаза во најквалитетното европско клупско натпреварување. Но, дуелот со францускиот гигант ПСЖ утре во Битола е меч за престиж и ново себедокажување на „зелените“ кои посакуваат успешен крај на европската сезона. Српскиот бек, Урош Борзаш, вели дека дуелот со ПСЖ треба да биде празник за ...
„Дуелот против ПСЖ ќе биде празник за публиката во Битола, бидејќи ни доаѓа една од најдобрите екипи на светот. Треба да се покажеме во вистинско светло, да дадеме максимум како и на сите натпревари досега и да се обидеме да победиме. ПСЖ ќе дојде мотивиран и во најсилен состав затоа што овој дуел им е важен за директен пласман во четвртфинале. На првиот дуел со нив игравме храбро и без респект и така треба да биде и сега, да покажеме дека може ...