ПОПРЕЧЕНОСТА е главна тема на осмото издание на книжевниот фестивал Друга приказна. Фестивалот ќе се одржи од 1 до 3 септември во МКЦ и Бруталиск, во Скопје. Ќе се промовираат три публикации, специјално направени за фестивалот: книгата за борбата против аутизмот, „Мост над бурната река“ од Далибор Талајиќ од Загреб; сликовницата „Седум конци на сонцето“ од Драгана Младеновиќ и Инес Георгиевска; списанието Маргина #95 (на 250 страници прилози за ...
На овогодишното издание на Друга приказна би сакале да претставиме дел од социјалните, политичките, културолошките позиции и идентитети на луѓето со попреченост. Сметаме дека е исклучително важно во нашата заостаната култура многу повеќе во јавноста да се внесуваат искуствата однадвор, од луѓе, писатели, теоретичари, уметници, активисти, кои имаат поголемо и подолго искуство на ова поле. Во култура во којашто телесната различност се заташкува и ...