Ждрепката за полуфиналето од Купот на Македонија во ракомет за мажи сакаше домаќинот ГРК Охрид да се сретне со Еурофарм Пелистер, додека во скопското полуфинале ќе се борат Вардар 1961 и актуелниот освојувач на Купот, Алкалоид. Полуфиналните мечеви се закажани за 31 мај во Охрид. Првото полуфинале треба да биде од 17 часот и во него ќе играат најтрофејниот Вардар и Алкалоид, а од 19.30 часот ќе биде дуелот на охридските Гладијатори и ...

Вардар поведе во финалето на Купот на Македонија на Националната Арена „Тодор Проески“. Стрелец на голот е Михаил Талевски, кој по една нафрлена топка од десната страна на Јанкулов, се најде на вистинското место и ја смести зад грбот на Ќосевски во 26. минута од мечот. Инаку во првите 20 минути, Струга ТЛ имаше две полушанси. По една конфузија на одбраната на Вардар по изведен корнер на стружани, Талески успеа на крајот да интервенира. Претходно ...