Спортскиот центар „Борис Трајковски“ распиша тендер за изработка на проект за реновирање на целиот објект на базенот „Карпош“, кој, како што информираа од спортскиот центар, ќе остане отворен во текот на летната сезона и ќе се затвори наесен, со цел да се остави простор за да се најде соодветна алтернатива за пливачите. Тендерот е поделен на два дела, едниот за изработка, а вториот за ревизија на проектот за обнова на базенот „Карпош“, а ...
Додека на последниот ден од учебната година, група ученички се прскаа со вода во дворот на чаирското основно училиште „Исмаил Ќемали“, на само 50 метри од нив, заклучен беше новиот училиштен базен. Децата знаеја дека има базен, ама не знаеја кога, како и дали воопшто ќе може да го користат. „Имаме уште една година школо, од септември можеби ќе ни го дадат да го користиме“, малку збунето забележаа две осмоодделенки. Базенот свечено беше ...

