Каролина Гочева првпат одржа концерт на плоштадот во Валандово сношти (26 мај), во организација на општината, а во рамките на Фолк-фест Валадово. Настапот на поп-ѕвездата беше одложен за два дена поради лошото време. За првпат по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во кој загинаа 62 лица, Каролина настапи без Сара Пројковска, која со години беше нејзин придружен вокал и блиска пријателка. Пројковска, инаку професорка по пијано на ...

Синоќа на градскиот плоштад во Валандово, во рамки на Фолк фестивалот, се одржа музичка вечер која помина во знакот на емоции, солзи и аплаузи. Пред бројната публика настапија Каролина Гочева, Тајзи и Ике де Кока, а вечерта ќе остане запаметена и по враќањето на сцената на Ана Костадиновска — придружниот вокал на групата ДНК, која ја преживеа трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Настанот беше одложен од сабота поради лошите временски ...

По повеќе од два месеци од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 62 лица, придружниот вокал на групата „ДНК“, Ана Костадиновска повторно застана на сцената и запеа. Таа настапи во Валандово заедно со Каролина Гочева. Препорачано Инаку, Ана заедно со починатата Сара Пројковска беа придружни вокали на бројни пејачи и групи во земјава. Овој пат Ана стоеше сама, но сепак успеа да направи голем чекор, кон закрепнувањето од ...

Ана Костадиновска запеа првпат по пожарот во Кочани: „Учам да живеам со тагата и болката, Сара е дел од мене“ „Каролина е голема како уметник, но и како човек. Секогаш ми била столб и умеела да го направи тоа што е потребно, а толку суптилно, ненаметливо… Така беше и на синоќа - со моите колеги од бендот го направија не само подносливо, туку и вистинско уживање моето присуство на сцената, за што сум бескрајно благодарна“, вели Ана ...